Приведен кумановец кој возел нерегистрирано „југо“ и немал дозвола

Сподели со своите пријатели

Четириесет и седумгодишник од селото Орах бил приведен откако полицијата утврддила дека возел нерегистриран автомобил, без дозвола.

– На 07.08.2026 во 11:00 часот во село Руѓинце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишија од слобода Д.Б.(47) од село Орах, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај полициски службеници запреле патничко моторно возило „ застава југо“ и било констатирано дека возилото го управува без возачка дозвола и нерегистрирано.

– По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановци се тепале пред угостителски објект, полицијата ги привела

Никола Ивановски