Башкими претстави десет нови засилувања пред стартот на сезоната

Сподели со своите пријатели

Башкими направи сериозен ремонт на играчкиот кадар во пресрет на новата сезона, ангажирајќи десет нови фудбалери кои треба да донесат поголема конкуренција во сите линии на тимот.

Најголем дел од засилувањата се играчи со меѓународно искуство, а клубот во своите редови доведе фудбалери од Албанија, Камерун, Нигерија и Германија, заедно со неколку домашни играчи кои добро го познаваат македонскиот шампионат.

Одбранбената линија ќе биде посилна со Џулинај Капланај, Андреј Љубевски и Билал Исени, додека средниот ред ќе го засилат Габриел Тенлеп, Андри Стафа, Клаудио Мартинез и Мал Јанузи. Во нападот, пак, нови опции за тренерот ќе бидат Фавзи Јахаја, Антонио Мијамона и Теодор Мирчевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Водата од кумановскиот водовод е безбедна за пиење

 

 

Дел од новите фудбалери веќе имаат настапувано во Првата македонска лига. Тенлеп и Исени доаѓаат по ангажманот во Воска Спорт, Мирчевски последен пат беше дел од Борец, а Љубевски го носеше дресот на Саса.

Со бројните промени во ростерот, пред стручниот штаб претстои период на интензивна работа за што побрзо воигрување на новиот состав, кој ќе има задача да ги исполни амбициите на клубот во претстојната сезона.