Михаела Домазетовиќ од Куманово оствари одличен настап на 47. Охридски пливачки маратон кој се одржа изминатиот викенд.
Домазетовиќ беше дел од 47. издание на традиционалниот Мал Илинденски пливачки маратон – „Илинденски куп“, кој се одржа на 2 август во Охрид.
На престижната манифестација, која собра повеќе од 80 пливачи од Македонија и странство, Домазетовиќ оствари одличен настап, освојувајќи го 11. место во генералниот пласман со време од 39 минути и 57 секунди на патеката долга 2,5 километри.
– Настапот на Михаела претставува уште една потврда за нејзината посветеност, упорност и континуиран напредок, како и доказ за квалитетната работа во ПК Тумба од Куманово. Конкуренцијата беше исклучително силна, а учеството на еден од најреномираните пливачки маратони во државата е значајно искуство и дополнителен мотив за идните предизвици на нашиот член, велат од Пливачкиот клуб „Тумба“, чијшто член е Домазетовиќ.
Никола Ивановски

