Михаела Домазетовиќ со одличен настап на 47. Охридски пливачки маратон

Сподели со своите пријатели

Михаела Домазетовиќ од Куманово оствари одличен настап на 47. Охридски пливачки маратон кој се одржа изминатиот викенд.

Домазетовиќ беше дел од 47. издание на традиционалниот Мал Илинденски пливачки маратон – „Илинденски куп“, кој се одржа на 2 август во Охрид.

На престижната манифестација, која собра повеќе од 80 пливачи од Македонија и странство, Домазетовиќ оствари одличен настап, освојувајќи го 11. место во генералниот пласман со време од 39 минути и 57 секунди на патеката долга 2,5 километри.

– Настапот на Михаела претставува уште една потврда за нејзината посветеност, упорност и континуиран напредок, како и доказ за квалитетната работа  во ПК Тумба од Куманово.  Конкуренцијата беше исклучително силна, а учеството на еден од најреномираните пливачки маратони во државата е значајно искуство и дополнителен мотив за идните предизвици на нашиот член, велат од Пливачкиот клуб „Тумба“, чијшто член е Домазетовиќ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Водата од кумановскиот водовод е безбедна за пиење

Никола Ивановски