Лука Димитриевски го напушти МКК Куманово и потпиша за Струмица

Сподели со своите пријатели

Младиот кумановски кошаркар Лука Димитриевски одлучи да стави крај на својата кариера во МКК Куманово, откако потпиша за Струмица.

22-годишниот плејмејкер својата кариера ја започна токму во Куманово уште на 16 години, а сега јавно се прости од клубот.

– Безброј убави моменти и спомени што ќе останат засекогаш во мене. Искрена благодарност до сите тренери, соиграчи и управата за сите овие години заедно и огромно благодарам до Кумани. Ви благодарам за секоја секунда, за секој натпревар на кој сте биле присутни. Сеогша тука за вас, секогаш дел од вас, секогаш сино-бел, напиша Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Михаела Домазетовиќ со одличен настап на 47. Охридски пливачки маратон

Димитриевски својата кариера ќе ја продолжи во новиот прволигаш КК Струмица.

Во својата кариера, освен што има играно во дресот на Куманово каде важеше за еден од подобрите, настапуваше и за младинската репрезентациа на Македонија.

Никола Ивановски