Бојан Крстевски ќе биде новиот центар на МКК Куманово, откако по долги години го напушти МЗТ Скопје и потпиша за кумановскиот клуб.
Триесет и седумгодишниот искусен центар зад себе има богата кариера и големо искуство, а во дресот на актуелниот македонски шампион освои бројни шампионски титули и трофеи во Купот на Македонија.
Со неговото доаѓање, Куманово добива значително засилување под кошевите и еден од најискусните домашни кошаркари.
Покрај настапите за МЗТ Скопје, Крстевски во кариерата ги бранеше боите и на Работнички, Центар, Вардар, Торус, грчката Кавала и Кожув.
Куманово продолжува со формирањето на ростерот за новата сезона. Претходно клубот го ангажираше и актуелниот македонски репрезентативец Бобан Стајиќ, додека екипата ја напушти поранешниот младински репрезентативец Лука Димитриевски.
Тренер во претстојната сезона останува Марин Докузовски.
Никола Ивановски

