Приведен 77-годишник од Стрезовце, полицијата му пронашла три пушки

Сподели со своите пријатели

Седумдесет и седумгодишник од селото Стрезовце бил приведен вчера откако полицијата дома му пронашла три пушки.

– На 06.08.2026 во 17:35 часот во с.Стрезовце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишија од слобода К.И.(77) од Куманово поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при претрес во негови простории во с.Стрезовце, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една ловечка пушка и две воздушни пушки.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Водата од кумановскиот водовод е безбедна за пиење

– Лицето било задржано во полициска  станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски