Пожар во станбена зграда во Токио: 12 повредени, истрага е во тек

Сподели со своите пријатели

Дванаесет лица се здобија со полесни повреди во пожар што избувна во станбена зграда во Коганеи, во западниот дел на Токио, соопштија денеска локалните власти.

Пет лица биле пренесени во болница откако пријавиле симптоми како што се болки во грлото, објави Кјодо.

Противпожарната служба во Токио соопшти дека пожарот изгорел околу 200 квадратни метри простор за складирање на првиот кат од зградата.

Според полицијата, во моментот на избувнувањето на пожарот на објектот се изведувале големи работи меѓу кои и санирање на надворешноста на објектот, а на местото каде што избувнал пожарот најверојатно биле складирани градежни материјали.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мароко: Шпанија требаше да ги предвиди миграциските последици од судската одлука

Полицијата започна истрага за утврдување на причините за пожарот.

Зградата се наоѓа на околу 400 метри источно од железничката станица Мусаши-Коганеи, во станбена зона.