Најмалку три лица загинаа во руски напад на регионот Суми, меѓу кои и деца

Сподели со своите пријатели

Најмалку три лица, меѓу кои две деца, загинаа синоќа во руски напад со наведувани бомби врз регионот Суми во североисточна Украина, соопшти шефот на регионалната воена управа на Суми, Олег Григоров.

Тој рече дека девојките кои загинале биле на пет и 10 години, пренесе Укринформ.

Григоров истакна дека во рускиот напад биле уништени и оштетени станбени објекти, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Првиот пациент што ја прими руската вакцина против рак е пред завршување на лекувањето