Димитриевски: Оној што не ги почитува Илинден и АСНОМ, не ја почитува ни македонската држава

Сподели со своите пријатели

Илинден и АСНОМ не се обични историски датуми. Тие се темелите врз кои еизградена македонската држава, симболи на слободата, државноста ивековната борба на македонскиот народ за сопствена држава.

Токму затоа, претседателот на Движење ЗНАМ – За Наша Македонија, МаксимДимитриевски, во гостувањето во емисијата „Тема на денот“ на Сителтелевизија порача дека односот кон овие датуми е прашање на државничкаодговорност, а не на личен избор.

Осврнувајќи се на отсуството на претседателот на Собранието одцентралното одбележување на Илинден, Димитриевски оцени дека ваквиот чиниспраќа погрешна порака кон граѓаните.

„Ако не ги почитувате елементарните датуми за создавање на државата и државноста, тогаш де факто не ја почитувате ни државата.“

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Додека други нарачуваат анкети, единствено ЗНАМ разговара со народот на терен

Движење ЗНАМ смета дека највисоките државни функции не носат само привилегии, туку и обврска да се биде таму каде што државата го одбележува сопственото создавање. На Илинден нема поважна агенда од Македонија.

Истовремено, Димитриевски потсети дека современата македонска држава е создадена врз историските идеали на Илинден и АСНОМ и дека тие вредности не смеат да бидат релативизирани или потиснати.

„Оваа држава немаше да постои доколку не беа Македонците и основнитезаложби на нашите предци. Токму тие ја создадоа македонската држава.“

Во интервјуто, претседателот на ЗНАМ испрати јасна порака и во однос на европските интеграции. ЗНАМ останува силен поддржувач на членството во Европската Унија, но не по цена на националните интереси.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Додека други нарачуваат анкети, единствено ЗНАМ разговара со народот на терен

Македонија припаѓа во Европската Унија. Но Македонија таму треба да влезе исправена, со зачувано достоинство, со признат македонски јазик, македонски идентитет, култура и историски континуитет, а не како држава која постојано ќе биде изложена на нови политички условувања.

Во таа насока, Димитриевски повторно ја потврди позицијата на ЗНАМ дека секое можно решение мора да обезбеди цврсти гаранции дека нема да има нови блокади и нови барања поврзани со идентитетските прашања.

„За нас е прифатливо се што ќе не придвижи напред кон Европската Унија, но нема да го загрози македонскиот идентитет, јазик, култура и историски континуитет.“

Македонија не смее никогаш повеќе да биде ставена во позиција да преговара за она што е неоспорно, својот јазик, својата култура, својот идентитет и своето историско право на постоење.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Додека други нарачуваат анкети, единствено ЗНАМ разговара со народот на терен

Движење ЗНАМ останува доследно на својата политика, европска иднина, но без откажување од националното достоинство. Токму затоа, ќе продолжи да биде гласен и принципиелен чувар на македонските национални интереси, затоа што нема европска иднина без самопочит, ниту силна држава без почит кон сопствената историја, државност и идентитет.