Кумановец натепал сограѓанин поради недоразбирање во сообраќајот

Сподели со своите пријатели

Четириесет и двегодишен кумановец бил приведен ноќва под сомнение дека натепал сограѓанин поради недоразбирање во сообраќајот.

– На 01.08.2026 во 00:06 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го приведоа Г.В.(42) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој се сомничи дека на улица „Босанска“ во Куманово, поради претходно недоразбирање во сообраќајот, физички го нападнал А.М.(26) од Куманово.

– Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, стои во соопштението.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец се заканувал на 74-годишниот татко и неговата сопруга