Алармантни податоци: Европа е континентот што се затоплува најбрзо на планетата – двојно побрзо од остатокот од светот

Сподели со своите пријатели

Ниеден друг континент не се затоплувал толку брзо како Европа, која се затоплува речиси двојно побрзо од глобалниот просек од средината на 1990-тите, пишува денес „Њујорк тајмс“.

Додека топлотните бранови ги погодија Австралија и Јапонија оваа година, поплавите опустошија делови од Кенија и Ангола, а снежната бура го парализираше источниот дел од Соединетите Американски Држави (САД), Европа се соочува со последиците од климатските промени кои стануваат сè поизразени.

Според весникот, Европа сега е за повеќе од 1,6 степени целзиусови потопла отколку пред три децении, а порастот на температурата е доволно брз за да биде забележлив во рок од една генерација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Затворена нуклеарна централа во Романија: Дунав падна на историски минимум, властите апелираат да се штеди

Од 1947 година, во Франција се регистрирани 53 топлотни бранови, од кои 28 се случиле во последните 15 години.

Градот Бордо, кој моментално е загрозен од шумски пожари, немал ниту еден ден со температура од 39 или повеќе степени од 1921 до 2000 година, додека ова лето имало осум такви денови, иако сезоната не е ни на половина од неа.

Експертите објаснуваат дека забрзаното затоплување на Европа е последица на промените во временските услови, но и на близината на Арктикот, каде што топењето на снегот и мразот остава потемни површини кои апсорбираат повеќе сончева енергија.

Иако е сè уште постудена од другите делови на светот, Европа е помалку подготвена за екстремна топлина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хаос во затворите во Италија: Илјадници затвореници ќе бидат испратени дома

Многу згради немаат климатизација и се изградени за да ја задржат топлината, додека шумите и растителната покривка во одредени области се поподложни на пожари поради нивната униформност.

Њујорк тајмс наведува дека климатските промени ги принудиле Европејците подиректно да се соочат со последиците од глобалното затоплување, но дали тоа ќе доведе до порешителни мерки за намалување на последиците или прилагодување на новите услови останува отворено прашање.