Нов бран американски напади врз Иран, нападнати десетици воени цели

Сподели со своите пријатели

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека извршила голема воена операција против цели во Иран преку ноќ, како одговор на ракетен напад што беше извршен еден ден претходно врз американските сили распоредени на Блискиот Исток.

Според CENTCOM, цел на напади биле десетици објекти поврзани со Корпусот на Исламската револуционерна гарда (IRGC). Командни центри, објекти за производство на ракети и беспилотни летала, системи за крајбрежен надзор и одбрана и поморска инфраструктура биле меѓу погодените цели.

Американската команда не го објави точниот број на уништени локации.

Сепак, неименуван американски функционер изјави за CNN дека нападите биле насочени исклучиво кон воени цели.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јорданската воздушна одбрана собори пет ракети лансирани од Иран

Според него, операцијата започнала околу 20 часот по источноамериканско време, додека најинтензивниот дел од нападот завршил околу 22 часот.

Во исто време, иранските државни медиуми објавија за моќни експлозии на југот од земјата.

Државната телевизија IRIB и новинската агенција IRNA соопштија дека детонациите биле пријавени во Бандар Абас, еден од најважните пристанишни градови во Иран во близина на Ормутскиот теснец, како и во неколку острови во Персискиот Залив, вклучувајќи го и Киш. Според нивните тврдења, не е пријавена штета во станбените области.

Нападите следеа по острите пораки од американскиот претседател Доналд Трамп, кој од Белата куќа изјави дека Техеран ќе претрпи сериозни последици за нападот врз американските сили.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп тврди дека Британија отвора нафтени полиња во Северното Море. „Ќе се збогатат“

„Ќе ги удриме многу силно, бидејќи сега е наш ред да удриме. Тие знаат дека доаѓа“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба.

Во гостувањето во Фокс њуз, американскиот претседател дополнително ја заостри својата реторика, нагласувајќи дека одговорот на САД ќе биде „брутален“.

Тој, исто така, го предупреди кинескиот претседател Си Џинпинг дека ќе биде „прилично разочаран“ ако Пекинг одлучи да му испорача оружје на Иран.

Во вторник вечерта, Корпусот на Исламската револуционерна гарда испали неколку балистички ракети врз американските воени бази во регионот. ЦЕНТКОМ тврди дека сите ракети биле пресретнати, додека јорданската војска соопшти дека соборила пет ракети над нејзина територија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Половина од граѓаните на САД сметаат дека Нетанјаху треба да биде уапсен

Во посебна изјава, американската команда изјави дека вооружените сили на Саудиска Арабија им се придружиле на американските сили во нападите врз проиранските Народни мобилизациски сили (ПМФ) во Ирак.

Според информациите на ПМФ, во тие напади загинале најмалку 20 лица, вклучувајќи четворица членови на ИРГК.