Експлозивна направа била фрлена во уште еден двор од семејна куќа на улицата „Бајрам Шабани“ во Куманово.
– На 28.07.2026 во 14:35 часот во СВР Куманово, Е.Х.(30) од Куманово пријавил дека во дворот од неговата куќа на улица „Бајрам Шабани“ во Куманово била фрлена експлозина направа, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Увид извршила екипа од СВР Куманово и на тераса од куќата била пронајдена експлозивната направа, додека во дворот била пронајдена една безбедносна рачка, за која се претпоставува дека е од истата направа.
– Од Единицата за откривање и деминирање на експлозивни средства и направи при МВР екплозивната направа направата била безбедно подигната за понатамошна обработка.
На терен интервенирале и четворица пожарникари од ТППЕ Куманово поради обезбедување на просторот при деактивирање на експлозивната направа, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Неексплодирана бомба завчера беше пронајдена во уште еден двор на истата улица, а неофицијално се работи за две соседни куќи.
– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.
Никола Ивановски

