Продолжуваат градежните активности за партерно уредување на просторот околу реконструираната Спортска сала во Куманово.
Како што информираше градоначалникот Максим Димитриевски, во моментов интензивно се работи на изградба на потпорни ѕидови и поплочување на просторот околу објектот.

Со оваа фаза се заокружува еден од последните сегменти од целокупната реконструкција на спортскиот комплекс, која во изминатиот период целосно го промени изгледот и функционалноста на салата.

Паралелно при крај се и активностите за изградбата на системот за греење и вентилација во спортската сала, а претходно беа спроведени и градежни работи за приклучување на објектот на дистрибутивната гасоводна мрежа.

Екипите на ЈП „Куманово-гас“ работеа на изградба на подземната инсталација за приклучување на салата на природен гас, со што ќе се овозможи функционирање на новиот систем.

Со завршувањето на партерното уредување, како и на системот за греење, вентилација и приклучокот на природен гас, ќе биде заокружена уште една значајна фаза од модернизацијата на Спортската сала во Куманово, која во изминатиот период доби целосно обновен изглед и подобрени услови за одржување на спортски натпревари и други настани.





Никола Ивановски

