МРК Куманово ги започна подготовките за новата сезона со шест нови засилувања

Сподели со своите пријатели

МРК Куманово и официјално ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона.

Првиот тренинг се одржа во Спортската сала во Куманово, под водство на шефот на стручниот штаб Саша Радосављевиќ.

 

 

Со почетокот на подготовките, клубот влегува во нов циклус со амбиција да ги надмине резултатите од минатата сезона.

Во пресрет на новото првенство, раководството го засили играчкиот кадар со шест нови ракометари.

Нови членови на МРК Куманово се Филип Мечкаровски од Струга, Марко Трајковски од Пролет, Матеј Новаковски од Бутел, Бојан Гичевски од Пелистер 2, Хамза Мамадох Ибрахим од Египет и Наум Костов од Струга.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кој сака да ги наруши меѓуетничките односи во Куманово? Два инциденти за два дена!

 

 

Во текот на подготвителниот период, стручниот штаб ќе работи на физичката и тактичката подготовка на екипата, а планирани се и неколку пријателски натпревари преку кои тимот ќе ја темпира формата и ќе го воигрува составот пред стартот на новата сезона.

 

 

Од клубот истакнуваат дека владее позитивна атмосфера и оптимизам, а очекувањата се дека со новите засилувања и квалитетната работа, МРК Куманово ќе биде конкурентен и подготвен за предизвиците што ги носи новата сезона.

Никола Ивановски