Осум лица пронајдени мртви, од кои шест деца. Ужас во семеен дом во Мичиген!

Сподели со своите пријатели

Осумчлено семејство е пронајдено мртво во куќа зафатена од пожар во Мичиген, а истрагата покажа дека станува збор за убиство и самоубиство, објавија денес локалните власти.

Пожарникарите ги пронајдоа телата на шест деца, на возраст од пет до 15 години, како и нивните родители, како што објави ABC News, по пријавата за пожар во куќа во општината Гранд Хејвен во петокот.

Канцеларијата на шерифот на округот Отава соопшти дека сите членови на семејството починале од прострелни рани.

Според резултатите од обдукцијата, 47-годишниот Кристофер Каролкевич извршил самоубиство, додека смртта на неговата 39-годишна сопруга Аманда и нивните шест деца е окарактеризирана како убиства.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ураганот Женевјев прерасна во бура од петта категорија

Меѓу жртвите се четири момчиња на возраст од пет, 11, 12 и 15 години и две единаесетгодишни девојчиња. Четири деца биле биолошки, а две биле посвоени.

Капетанот на шерифската канцеларија, Џејк Спаркс, изјави дека станува збор за „неопислива трагедија“ и дека истражителите ќе сторат сè што можат за да го утврдат мотивот за злосторството.

Пожарникарите прво реагирале на пријавите за мирис на чад во петокот наутро, но не биле во можност да го лоцираат пожарот.

Неколку часа подоцна, повторно биле повикани поради бел чад што доаѓал од куќата, каде што ги пронашле телата на членовите на семејството во различни спални соби додека се бореле со пожарот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Србија испраќа хеликоптер за да ѝ помогне на Шпанија во гаснењето на пожарот

Истрагата покажа дека пожарот најверојатно бил намерно подметнат на неколку места во куќата, а најголемата штета е предизвикана во подрумот, објави Танјуг.

Домашните миленици на семејството, вклучувајќи неколку кучиња и најмалку една мачка, исто така загинаа во пожарот.

Истрагата продолжува со цел да се утврдат сите околности на овој случај, објавува Срна.