Ураганот Женевјев прерасна во бура од петта категорија

Сподели со своите пријатели

Ураганот Женевјев денес прерасна во бура од петта категорија, прва од таа јачина во регионот на Источниот Пацифик во последните две години, објавија американските метеоролози.

Се очекува бурата да остане далеку на отворено море, движејќи се по патека што е претежно паралелна со мексиканскиот брег, објавува АП.

Според Националниот центар за урагани во Мајами, Женевјев имала максимални одржливи ветрови од 160 милји на час.

Центарот на бурата се наоѓал околу 855 километри југозападно од Манзаниљо и се движел кон северозапад со брзина од 20 километри на час, според агенцијата.

Не се издадени крајбрежни предупредувања, но Центарот за урагани соопшти дека брановите на бурата, кои веројатно ќе предизвикаат опасни услови за пливање и опасни струи на брегот, влијаат на делови од југозападниот брег на Мексико и на полуостровот Баја Калифорнија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полицијата во Рим заплени 250.000 парчиња фалсификуван накит