Двајца мртви, петмина повредени во пукотница во Сиетл, еден осомничен уапсен

Сподели со своите пријатели

Еден осомничен е уапсен, а полицијата бара друг, по синоќешната пукотница за време на фестивал на храна во Сиетл, Вашингтон, САД, во која беа убиени три лица, а четворица беа повредени, соопштија официјални лица.

Претходно беше објавено дека две лица се убиени, а петмина се повредени, од кои едно е во сериозна состојба. Официјалните лица изјавија дека лицето подоцна починало во болница.

Истражителите веруваат дека двајцата осомничени пукале еден во друг и дека нема понатамошна закана за јавноста, изјави помошникот началник на полицијата во Сиетл, Тајрон Дејвис.

Тој рече дека полицијата нема опис на осомничениот по кого трагаат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Латвија ги отстранува патоказите кон Русија и Белорусија: „Веќе не се потребни“

Дејвис рече дека две лица загинале на местото на настанот, а трето лице починало во болница.

Уште четири лица се ранети и се задржани во болница и се во стабилна состојба, додаде тој.

Меѓу ранетите е и едно 2-годишно момче, а другите се возрасни, изјави портпаролката на противпожарната служба на Сиетл, Грејс Нуњез.

Портпаролката на болницата изјави дека жртвите имале повреди на рацете, стомакот и нозете.

Пукањето избувнало околу 18:00 часот по локално време, близу крајот на годишниот фестивал на храна „Бајт Сиетл“, кој привлекува стотици продавачи на храна и изведувачи. Тоа место е во близина на познатата и препознатлива кула во Сиетл.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Огнената стихија не стивнува: Макрон свика кризен штаб, евакуирани се 220.000 луѓе

Голем број припадници на полицијата и службите за итни случаи дошле на местото на инцидентот и помогнале во евакуацијата на населбата околу големиот комплекс „Сиетл Центар“.

Во хаосот од пукотниците, многу продавачи избегале кон излезите, напуштајќи ги своите тезги.

Неколку часа подоцна, тие останале надвор од лентите поставени од полицијата, не знаејќи кога ќе можат да се вратат за да ги земат своите шатори, храна и опрема.

На веб-страницата на фестивалот се вели дека годишниот настан започнал во 1982 година и привлекува 350.000 посетители во текот на своите три дена.