Дваесет и шестгодишник од Куманово бил приведен викендов откако полицијата констатирала дека возел и покрај тоа што имал активна забрана.
– На 26.07.2026 во 01:25 часот на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.А.К.(26) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, при сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по извршени проверки, било констатирано дека го управувал возилото иако имал активна забрана за управување.
Никола Ивановски

