Утре и задутре без струја неколку делови на Куманово

Сподели со своите пријатели

Утре и задутре неколку делови на Куманово привремено ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини.

Како што информираат од Електродистрибуција утре во период од 08:00 до 14:00 часот прекини ќе има на дел од улицата „Моша Пијаде“, поточно од градинката до кружниот тек.

Задутре (среда) во период од 08:00 до 14:30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат објектите на локалитетот Карпошова Воденица.

Во истиот период задутре прекини ќе има и кај корисниците од дел од улицата „11 Ноември“ поточно од мостот за населбата Бедиње до Кафе Мока.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Странски државјани приведени со дрога и фалсификувани евра на ГП Табановце

Прекини од 08:00 до 14:30 задутре ќе има и кај корисниците од улицата „Трајко Јовановски Кмет“ односно локалитетот Шумски пат.

Без струја од 08:50 до 14:30 задутре ќе биде и селото Стрновац.

Никола Ивановски