Шпанија прогласи вонредна состојба поради пожарите, евакуирани илјадници луѓе

Сподели со своите пријатели

Шпанија прогласи вонредна состојба поради шумските пожари што се закануваат на подрачјето на Мадрид, додека Франција бара помош од Европската Унија, а Италија се бори со пожарите низ Сицилија.

Бројни шумски пожари продолжуваат да се шират низ јужна Европа, а во Франција, Шпанија и Италија евакуацијата на населението е веќе во тек, додека надлежните служби се борат да го стават под контрола огнениот елемент поттикнат од високите температури и силните ветрови, објавува Euronews.

Шпанија прогласи вонредна состојба поради пожарите што се закануваат населбите во близина на главниот град Мадрид и покраината Авила.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дубаи бара спас за туризмот: На граѓаните им се нудат 700 евра ако донесат пријатели и роднини

Властите соопштија во петок наутро дека пожарите во градовите Вила дел Прадо и Сан Мартин де Валдеиглесијас, западно од Мадрид, се уште се „надвор од контрола“, иако службите за итни случаи успеаја до одреден степен да го ограничат нивното ширење во текот на последните неколку часа.

Илјадници луѓе беа евакуирани од загрозената област.

Во исто време, метеоролозите прогнозираат дека температурите во некои делови од Шпанија ќе достигнат до 44 степени целзиусови во петок.