Новоотворената зоолошка градина во Пјонгјанг, главниот град на Северна Кореја има нова ѕвезда – шимпанза Азалеа која пуши. Азалеа пуши кутија цигари дневно, но како тврдат менаџерите на градината не го вдишува чадот.
Loading...
Шимпанзата стара 19 години може сама да запали цигари ако има соодветна запалка. Доколку баш и не се снајде со запалката, тогаш пали една од друга цигара. Азалеа судејќи според реакциите на посетителите е вистинска атракција. Посетителите на зоолошката се восхитуваат не само што пуши цигари како човек, туку го допира носот на наредба, се поклонува во знак на благодарност и игра.