Делови од Куманово и околината денеска ќе останат привремено без напојување со електрична енергија.
Како што информираат од Електродистрибуција, денеска во период од 08:45 до 15:00 без струја ќе бидат жителите на улиците „11 Ноември“ и „Трајко Додевски Јовановски“.
Во исто време прекини со снабдувањето ќе има и во населбата Бедиње.
Денеска без струја во период од 09:00 до 15:00 часот ќе бидат и мештаните на селото Алгуња, поточно маалото Татариновац.
Утре пак во период од 08:30 до 14:30 часот прекини се најавени за дел од улицата „Моша Пијаде“ поточно дел од градинката „Ангел Шајче“ до кружниот тек.
Никола Ивановски

