Градежен работник од Куманово завчера починал откако паднал од височина од објект во изградба во Скопје.
– На 10.07.2026 околу 14:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Гази Баба при изведување на градежни работи на објект во изградба паднал од висина И.И.(52) од Куманово, инфорираат од Министерството за внатрешни работи.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт.
– Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил трудов инспектор, стои во соопштението.
Никола Ивановски

