Три малолетнички нападнале врсничка од Куманово

Сподели со своите пријатели

Четириесет и петгодишен кумановец вчеравечер пријавил во полиција дека неговата малолетна ќерка била нападната од три врснички.

– На 09.07.2026 во 23:45 часот во СВР Куманово, Ј.И.(45) од Куманово пријави дека неговата малолетна ќерка била физички нападната од три малолетнички, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Сончево и топло, во недела засилен северен ветер