Девет департмани во Франција ќе бидат ставени под црвено ниво на тревога од денес напладне поради екстремна топлина, додека 76 департмани остануваат под портокалово ниво на тревога.
Во парискиот регион и неколку департмани во централна и западна Франција, утрово беше помеѓу 22 и 25 степени, додека се очекува температурата да достигне 41 степен, објавува Фигаро.
Како што е наведено, 59 департмани се изложени на „висок или многу висок“ ризик од шумски пожари.
Префектот на департманот Дром во југоисточна Франција нареди понатамошни превентивни евакуации, кои засегнаа околу 400 луѓе во планинската област, каде што изгореа околу 3.500 хектари.
Метеоролошките служби објавија дека овој топлотен бран ќе го достигне својот врв помеѓу недела и понеделник и ќе трае најмалку до 15 јули.
Океанскиот воздух од Атлантикот треба да го заврши топлотниот бран од 16-17 јули па натаму.
Во меѓувреме, нивото на црвена тревога беше укинато за регионот Лангедок-Русијон во јужна Франција, бидејќи враќањето на морскиот ветер значително ги намали температурите овој петок.

