Песков: За ослободување на целиот Донбас клучно е да се освојат уште два града

Сподели со своите пријатели

Руската армија треба да освои уште два важни града – Краматорск и Славјанск, по што ќе биде ослободена целата територија на Донбас, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков во интервју за западните медиуми, пренесува Спутник.

Претставникот на Кремљ истакна дека само пред неколку дена руските војници објавија дека зазеле многу важен град во Донбас – Константиновка.

„Сега треба да се освојат уште два важни града – Краматорск и Славјанск. После тоа, ќе биде ослободена целата територија на Донецката Република“, објасни Песков.

Зборувајќи за тоа како режимот во Киев може да го запре конфликтот, претставникот на Кремљ изјави:

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украинците открија нова руска тактика: Горивото го кријат во камиони за млеко

„Да ги повлече своите сили од Донбас – од регионите што сега се руски – и да ја признае ситуацијата што всушност е формирана, и де факто и де јуре“.

„Следниот ден (конфликтот) ќе заврши“, заклучи Песков.