Приведени тројца возачи во Куманово, возеле без дозвола

Сподели со своите пријатели

Тројца возачи биле приведени во текот на изминатото деноноќие во Куманово откако полицијата констатирала дека возат без дозвола.

Во првиот случај во населбата Карпош бил приведен 42-годишник со мопед.

– На 06.07.2026 во 14:20 часот на улицата „100“ во Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.С. (42) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле мопед „педа“ со кумановски регистарски ознаки и по извршени проверки било констатирано дека го управува мопедот без да поседува возачка дозвола.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  66-годишна кумановка нападната од своите внуци

Во вториот случај, без дозвола 20-годишник бил фатен како управува „форд“, по што бил приведен.

– На 07.07.2026 во 02:00 часот на улицата „ЈНА“ во Куманово полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода Ф.С. (20) од Куманово, велат од полицијата.

При сообраќајна контрола, полициските службеници, како што информираат од кумановската полиција, сопреле патничко моторно возило „форд“ со кумановски регистарски ознаки и по извршени проверки било констатирано дека го управува возилото без да поседува возачка дозвола.

Во третиот случај пак приведен бил 44-годишник оти возел „томос“ без да има дозвола.

– На 07.07.2026 во 09:00 часот на улицата „Доне Божинов“ во Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.М.(47) од Куманово, информираат од кумановската полиција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановската градинка изготви план за проширување на своите капацитети (ВИДЕО)

При сообраќајна контрола, полициските службеници, како што се додава, сопреле мопед „томос“ со кумановски регистарски ознаки и по извршени проверки било констатирано дека тој немал возачка дозвола.

– По целосно документирање на случаите, против лицата ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.

Никола Ивановски