Грција на нозе: Прогласен портокалов аларм. Властите се плашат од разорни пожари!

Сподели со своите пријатели

Грчките власти прогласија портокалов аларм на Крит и дел од Северниот Егеј поради многу високиот ризик од пожар и упатија итен апел до граѓаните да избегнуваат каква било активност што може да предизвика пожар.

Грчките власти прогласија портокалов аларм за денес во регионите на Крит и Северниот Егеј поради многу високиот ризик од пожар.

Генералниот секретаријат за цивилна заштита на грчкото Министерство за климатски кризи и цивилна заштита апелираше до граѓаните да покажат одговорност и зголемена претпазливост и да избегнуваат какви било дејствија што би можеле да предизвикаат пожар, објавува грчкиот јавен сервис ЕРТ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Цените на нафтата паднаа на најниско ниво од февруари

Генералниот секретаријат за цивилна заштита објави дека постои висок ризик од пожар во областите Хиос, Самос, Икарија, Ретимно, Хераклион и Ласити.

Во исто време, Генералниот секретаријат за цивилна заштита им препорачува на граѓаните да бидат особено внимателни и да избегнуваат активности на село што можат ненамерно да предизвикаат пожар, како што се палење сува трева и гранки или чистење остатоци, користење машини што предизвикуваат искри како што се кружни пили, машини за заварување, користење надворешни скари и фрлање неизгаснати цигари.