Започнува самитот на НАТО во Анкара: Сојузниците бараат поголеми инвестиции во одбраната

Сподели со своите пријатели

Денес во Анкара започнува дводневен самит на НАТО, каде што лидерите на земјите-членки ќе разговараат за зголемувањето на средствата за одбрана, развојот на воената индустрија, улогата на Европа во рамките на Алијансата и продолжувањето на поддршката за Украина.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, очекува лидерите на состанокот да презентираат конкретни планови за да покажат како нивните земји имаат намера да ја постигнат договорената цел за зголемување на трошоците за одбрана на пет проценти од бруто домашниот производ до 2035 година.

Повеќето од членовите на Алијансата минатата година ја исполнија претходно договорената обврска да издвојат најмалку два проценти од БДП за одбрана.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поголем од Пентагон: Египет го претстави „Октагон“, седиштето на стратешката команда, кое е меѓу најголемите во светот

Меѓу земјите што не ја постигнаа оваа цел беа Словенија, Чешка и Албанија.

Првиот дел од самитот ќе биде обележан со вечера на лидерите на која ќе присуствуваат претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, украинскиот претседател Володимир Зеленски и јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг.

Средбата се одржува во период на зголемени тензии меѓу Соединетите Американски Држави и нивните европски сојузници.

Несогласувањата излегоа на виделина особено по воените акции на САД против Иран, кога претседателот Доналд Трамп ги критикуваше европските партнери за недостаток на поддршка.

Македонија ќе биде претставувана од претседателката Горадана Силјановска Давкова.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Утре започнува самит на НАТО во Анкара: Трамп ќе се сретне со Зеленски, познати деталите...