Полицијата во Куманово со превентивна акција за безбедно лето (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Отсекот за превенција при СВР Куманово, во соработка со Општинскиот совет за превенција на детско престапништво, денеска на Градскиот плоштад во Куманово спроведе превентивна кампања насочена кон подигнување на јавната свест за безбедно и одговорно однесување во текот на летните месеци.

Полициските службеници преку разговори со случајни минувачи и делење информативни флаери ги информираа граѓаните за мерките за заштита од пожари, како и за начините на заштита на личниот имот за време на сезоната на годишни одмори.

 

 

Од СВР Куманово апелираат до граѓаните да бидат внимателни и одговорни, да не палат стрништа и да внимаваат при движење низ шумите и природата, особено во периоди кога температурите се високи и постои зголемен ризик од појава на пожари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ поскапуваат горивата

Воедно, со оглед на тоа што започна сезоната на летни одмори, полицијата ги советува граѓаните да не објавуваат фотографии од летувањето на социјалните мрежи додека се отсутни од дома, со цел да не го изложуваат својот имот на ризик од кражби.

 

 

Дополнително, се препорачува во автомобилите да не се оставаат вредни предмети на видливи места, бидејќи и тоа може да биде причина за извршување имотни деликти.

Од полицијата потенцираат дека со почитување на овие превентивни препораки граѓаните можат значително да придонесат за сопствената безбедност, за заштита на имотот и за зачувување на животната средина.

Никола Ивановски