Голем пожар на југот на Франција во департманот Источни Пиринеи, кој изгоре повеќе од 4,6 илјади хектари земја, ја наруши третата етапа од велосипедската трка Тур де Франс, објавија денес француските медиуми.
Префектот на Источните Пиринеи, Пјер Рено де ла Мот, потврди дека пожарот ги принудил властите да наредат промена на рутата на Тур де Франс и да забранат присуство на гледачи за време на трката, пренесува „Фигаро“.
Де ла Мот на прес-конференција изјави дека пожарот сè уште не е ставен под контрола и потврди дека досега се изгорени 4.600 хектари земја.
Пожарникарите се борат и со пожари во други делови на Франција, особено во Ариеж и Од, како и со голем шумски пожар во департманот Гар што избувна во близина на патеката за картинг Леденон.
Пожарот дополнително беше засилен од силниот ветер, високите температури и, пред сè, екстремно ниската влажност на воздухот.

