Израелски полицаец фрли шок-бомба во автомобил со Палестинци и ја блокираше вратата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Член на израелската гранична полиција е суспендиран од должност откако беше објавено видео на кое се гледа како фрла шок-бомба во автомобил во бегалскиот камп Каландија на окупираниот Западен Брег и го спречува возачот да излезе од возилото, пишува израелски Ynet.

Што покажува видеото?

Порталот Ynet објави видео од инцидентот снимен од надзорните камери.

На него се гледа како полицаец се приближува до паркирано возило и им вика на луѓето внатре.

По кратка вербална расправија, полицаецот става шок-бомба во автомобилот, која набрзо експлодира.

Двајцата патници на задното седиште веднаш ја отвораат вратата и бегаат од зачадениот автомобил.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп објави фотографија со Мелони: „Ми треба забрана за приближување“

Полицаецот, сепак, ја блокира вратата на возачот, потпирајќи се на неа за да го спречи возачот да излезе.

По неколку моменти, тој се оддалечува, го насочува оружјето кон патниците што бегаат и пука кон нив додека тие бараат засолниште зад возилото со кренати раце.

Потоа полицаецот си заминува, пцуејќи ги двајцата мажи.

Според Ynet, никој не е повреден, дури ни возачот на кој му било спречено да го напушти возилото.

Полицијата започна истрага

Израелската полиција објави дека отворила истрага за инцидентот и дека еден припадник на граничната полиција е отстранет од должност до понатамошно известување.

„Видеото покажува однесување кое не е во согласност со процедурите. Затоа, случајот е проследен до Одделот за внатрешни полициски истраги за понатамошна обработка“, соопшти полицијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  93-годишник ја разнел куќата оти не сакал во дом за стари лица: Деветмина повредени