ЕУ ќе предложи нови санкции против Русија

Сподели со своите пријатели

Високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес објави дека ќе предложи „повеќе санкции против субјекти кои го поддржуваат рускиот воено-индустриски комплекс“ како одговор на вечервашните напади врз Украина.

„Колку повеќе Москва напаѓа цивили, толку повеќе санкции мора да се воведат“, напиша Каја Калас на социјалната мрежа X.

Таа додаде дека ЕУ ќе продолжи со притисокот сè додека „Русија не сфати дека не може да победи“.

Каја Калас, која моментално е во посета на Босна и Херцеговина, изјави дека оваа недела ЕУ почнала да „ослободува шест милијарди евра од заемот за поддршка од 90 милијарди евра наменет за зајакнување на одбраната на Киев“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Страшна одмазда на Русите, го бомбардираа Киев со проектили: Има мртви и ранети (ФОТО)

Во Киев, десет лица беа убиени во руски напади во текот на претходната ноќ.