Приведен 34-годишник од Куманово кој ја нападнал поранешната сопругата

Сподели со своите пријатели

Триесет и четиригодишник од Куманово бил приведен ноќва по пријава дека физички ја нападнал својата сопруга.

– На 02.07.2026 во 01:45 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода В.В (34) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава од неговата 29 годишна поранешна сопруга, дека во неговиот дом, физички ја нападнал, информираат од Секторот за внатрешни работи.

По целосно документирање на случајот, како што се додава во соопштението, ќе следува соодветен поднесок.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово со кредит ќе набави нова механизација за јавните претпријатија