Два пати гореше расадникот на „Национални шуми“ во Бедиње (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Три пожари вчера гореле на територијата на Куманово, а еден опожарил и жито на територијатана општината Старо Нагоричане.

Како што информираше вчеравечер градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, еден од пожарите избувнал во расадникот на ЈП „Македонски шуми“ во село Бедиње.

 

 

Според Регионалниот центар за управување со кризи во период од 12:50 до 19:35 часот пожарот го гаснеле двајца пожарникари при што биле изгорени пластеник и садници.

Во два наврати вчера се интервенирало  во населбата Перо Чичо кај дивата депонија во Стари Лозја.

Третата интервенција била доцна утринава кога повторно се разгорел расадникот во Бедиње. Претходно опожарените дрвја повторно се разгореле, па тројца пожарникари интервенирале во период од 03:10 до 04:20 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  25-годишник од Старо Нагоричане ја нападнал сопругата, полицијата го привела

Според градоначалникот Максим Димитриевски, за сите три пожари причина е човечкиот фактор и опожарување на суви треви.

Тој упати пофалби за брзите реакции на пожарикарите, а на граѓаните им порача внимателно да се движат и да пријавуваат сомнителни случаи.

– Им честитам на тимовите на ТППЕ Куманово кои експедитивно ги ставија под контрола и ги ликвидираа пожарите. Апелирам до граѓаните да внимаваат при движење во средини со суви треви и грмушки а воедно и да ги пријавуваат сите сомнителни случаи на 192, порача Димитриевски.

Во атарот на селото Руѓинце на територијата на Општина Старо Нагоричане изгорело жито на површина од околу 500 квадратни метри, откако претходно била запалена сува трева.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  67-годишник од Куманово бил агресивен кон полицајци, па го привеле

Интервенирале двајца пожарникари од ТППЕ Старо Нагоричане во период од 10:35 до 14:00 часот.

Никола Ивановски