Две лица биле приведени ноќва во кумановската населба Средорек по физичка пресметка со друга група од четири лица.
– На 24.06.2026 во 01:25 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги приведоа Л.С.(25) и Р.Р.(29), двајцата од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека на улица „Средорек“ во Куманово го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која учествувале и Ѓ.Р.(40), А.Р.(42), С.Р.(49) и С.С.(30), сите од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Никола Ивановски

