Неколку локации во Куманово денеска без струја

Сподели со своите пријатели

Делови од Куманово денеска привремено ќе бидат без напојување со електрична енергија, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во перод од 09:10 до 10:30 часот без струја ќе останат корисниците од дел од улицата „Доне Божинов“, поточно месноста Прмакови ниви.

Во исто време прекини ќе има и во објектите околу Спомен Костурница, кланица „Црн Бик“, Ново Куманово како и Железничката станица „Ново Куманово“.

Без струја од 09:10 до 10:30 исто така ќе останат и улицата „Јоско Илиевски“, населбата Средорек, Спортскиот аеродром „Аџитепе“, како и фабриката „Феликс“.

Од 12:30 до 14:00 часот прекини ќе има на дел од фабриката ФЗЦ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Крстевски: Публиката во Приштина ја чувствуваше емоцијата без разлика на јазикот (ВИДЕО)

Никола Ивановски