МВР ќе спроведе маратон: Ќе „лови“ возачи под дејство на дрога и алкохол

Сподели со своите пријатели

Министерството за внатрешни работи ќе спроведе засилени контроли за санкционирање на возачи под дејство на алкохол и дрога на 19 јуни.

Како што потенцираат од МВР, станува збор за 24-часовен сообраќаен маратон.

– Во периодот од 15 до 21 јуни, во рамки на европската акција на ROADPOL, Министерството за внатрешни работи, преку полициските станици за безбедност на сообраќајот на патиштата, спроведува засилени сообраќајни контроли насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила под дејство на алкохол или наркотични средства, велат од полицијата.

Како дел од акцијата, на 19 јуни на територијата на целата држава ќе биде реализиран 24-часовен сообраќаен маратон, со целосно засилено присуство на полициски патроли и интензивни контроли за откривање на ваков вид прекршоци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  40-годишник во Куманово возел без положен испит, полицијата го привела

– Безбедноста во сообраќајот е заедничка одговорност. Затоа апелираме до сите учесници во сообраќајот да не седнуваат зад волан доколку консумирале алкохол или наркотични средства. Една неодговорна одлука може да има трајни последици, додека одговорното однесување спасува животи и придонесува за побезбедни патишта за сите, стои во соопштението.

Никола Ивановски