Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.
Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево и топло време со мала облачност.
Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен и североисточен правец.
Утринската температура ќе се движи во интервал околу 12 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 29 степени целзиусови.

Утре низ кумановско ќе имаме делумно сончево и многу топло време.
Ќе дува слаб до умерено засилен северен и североисточен ветер.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу 15 степени, а дневниот максимум ќе се искачи до високи 32 степени целзиусови.

Во недела ќе имаме сончево и многу топло време со мала облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 16 до максимални 32 степени целзиусови.

Многу топло време со температури над 30 степени ќе имаме и во текот на претстојната работна недела.
Никола Ивановски

