Три лица во изминатото деноноќие биле приведени во Куманово откако полицијата констатирала дека возат мотори без притоа да имаат возачка дозвола.
Во првиот случај бил приведен 55-годишник од Куманово.
– На 17.06.2026 во 16:50 часот на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Т.И.(55) од Куманово. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле мопедсо кумановски регистарски ознаки и по извршени проверки било констатирано дека го управува мопедот без да поседува возачка дозвола, велат од Секторот за внатрешни работи.
Приведен бил и 19-годишник од кумановско кого полицијата го сопрела со „априлија“ и утврдила дека нема дозвола.
– На 17.06.2026 во 16:50 часот на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Ш. (19) од село Лопате, кумановско. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле мопед „априлија“ со кумановски регистарски ознаки и по извршени проверки било констатирано дека го управува мопедот без да поседува возачка дозвола, додаваат од полицијата.
Во третиот случај приведен бил 19-годишен моторџија од Штип, исто така поради непоседување возачка дозвола.
– На 17.06.2026 во 22:20 часот на ул.„Кирил и Методиј“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Х.В.(19) од Куманово. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле мопед со штипски регистарски ознаки и по извршени проверки било констатирано дека го управува мопедот без да поседува возачка дозвола, информираат од Секторот за внатрешни работи.
По целосно документирање на случаите, како што стои во соопштението, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Никола Ивановски

