30-годишник затекнат при кражба во Куманово, полицијата веднаш го привела

Сподели со своите пријатели

Триесетгодишен кумановец бил затекнат при обид да изврши кражба, при што полицијата веднаш го привела.

– На 17.06.2026 во 14:50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Р.(30) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата претходно, тој бил затекнат при обид да изврши кражба и да одземе предмети во куќа на ул.Бајрам Шабани“ во Куманово.

– С.Р. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 24-годшиен кумановец. Ја малтретирал поранешната партнерка