Косовец приведен во кумановско, превезувал брендирана стока

Сподели со своите пријатели

Дваесет и осумгодишен жител на Косово бил приведен викендов на автопатот Куманово – Скопје со повеќе парчиња брендирана текстилна стока.

– На 13.06.2026 во 05:20 часот на автопатот Куманово – Скопје, во с.Романовце, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки во Одделот за гранични работи и миграции при БЈБ го лишија од слобода М.М.(28) од Косово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при контрола во автобус со турски национални ознаки, во кој се превезувал, во неговиот багаж биле пронајдени повеќе парчиња текстилна стока од различни брендови за која не поседувал соодветна документација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Температурите ќе се искачат над 30 степени

– Лицето е предадено во СВР Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски