Две лица се здобиле со повреди при напад со нож во кумановското село Романовце, по што ноќва биле приведени две лица.
– На 11.06.2026 во 01:27 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода А.М.(45) и 17-годишник, двајцата од село Романовце, кумановско, затоа што во село Романовце физички го нападнале А.А.(25), при што бил употребен нож, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, и А.М. и АА се здобиле со повреди.
– По целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.
Никола Ивановски

