Во голема акција во Куманово, МВР вчера напиша 70 казни на мотоциклисти (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

70 казни на мотоциклисти и возачи на тротинети напиша полицијата вчера во акциска контрола во Куманово при што се одземени мотори и четирицикл.

– Во периодот од 14:00 до 20:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи и Одделението за сообраќајно и ескортно обезбедување спроведоа акциска контрола на подрачјето на град Куманово, со цел санкционирање на возачи на електрични тротинети кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, информираат од Министерството за внатрешни работи.

 

 

Како што додаваат од МВР, при контролата изречени се вкупно 70 мерки за сторени сообраќајни прекршоци и кривични дела.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Температури над 30 степени, а потоа драстичен пад

– Од нив, девет мерки кон возачи на електрични тротинети, две мерки за мотоцикли со измината важност на сообраќајната дозвола, 39 мерки за возачи кои управуваат мотоцикл без заштитна кацига, една мерка за управување на моторно возило под дејство на алкохол, една мерка за истечена полиса за осигурување, три мерки за несоодветна категорија, три мерки за неносење и непроделжена возачка дозвола, осум мерки за неистакната регистарска таблица, додаваат од полицијата.

 

 

При акциската контрола, според МВР, одземен е и еден мотоцикл за непродолжена регистрација над шест месеци.

– Откриени се и четири кривични дела, од кои три се за малолетни лица кои управуваат мотоцикл, а едно лице е лишено од слобода за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“, при што се одземени три мотоцикли и еден четирицикл, се додава во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Доставувач од Куманово натепан во Скопје, по што му ги украле производите

 

 

За сите сторители, како што додаваат од МВР; изготвени се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли, велат, продолжуваат и во наредниот период.

 

 

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Само со одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението.

 

Никола Ивановски