Најмалку две лица се убиени во напад на руски беспилотни летала врз Запорожје, објави денес Иван Федоров, началник на воено-административната администрација на Запорожјето.
„Две лица се убиени, а пет се повредени како резултат на непријателските напади врз Запорожје и Запорожјето. Како резултат на непријателските напади, оштетени се критични и индустриски инфраструктурни објекти“, рече Федоров во објава на Телеграм, пренесува Униан.
Како што наведе, руските сили извршија вкупно 946 напади врз 55 населени места во Запорожјето.
„Примени се 116 пријави за штети на инфраструктура, станови и автомобили. Тревогата продолжува. Останете на безбедни места“, рече Федоров.

