Седуммесечно бебе е убиено, а неговите родители се повредени во напад на израелската армија на окупираниот Западен Брег, објави палестинското Министерство за здравство.
Војската пукала врз автомобил синоќа во областа Тел Румеида јужно од градот Хеброн, соопшти министерството.
Палестинската новинска агенција WAFA објави дека бебето е тешко повредено откако било погодено во вилицата од истиот куршум што ја ранил неговата мајка, пред подоцна да им подлегне на повредите.
Семејството патувало од Витлеем кон Хеброн кога израелските војници почнале да пукаат, објавува WAFA.
Израелската армија вчера објави дека војниците пукале кон возило кое било забележано како брзо се движи кон нив во областа Хеброн, и дека жртвите на нападот се однесени во болница.
Војската објави дека првичната истрага утврдила дека цивилите кои не учествувале во конфликтот се повредени и дека ситуацијата се разгледува.

