Експлодираше камион полн со нелегално гориво: Огнена топка се прошири на небото над Мексико! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Драматична снимка од експлозијата се прошири на социјалните мрежи откако камион полн со гориво се запали во мексикански град, пишува Њујорк пост.

Огнена топка се прошири низ небото, а црн чад го прекри градот Тепеака. Заедно со тоа се слушнала и силна експлозија.

Оштетени се продавниците во близина на експлозијата, искршени стакла, а поради сето тоа властите ги евакуираа околните домови, училиште, болница…

Сè уште не е познато дали некој загинал во експлозијата.

Според првичните информации, камионот наводно превезувал нелегално гориво.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Илјадници Албанци протестираа против зетот на Трамп и луксузното одморалиште: „Не сме на продажба“