Кумановка си го продала новороденото бебе за 500 евра: Кривични за шест лица

Сподели со своите пријатели

Кривична пријава против шест лица поднесе Министерството за внатрешни работи за организирање и реализирање на незаконско посвојување на дете.

– Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Ф.А.(63), Ѓ.К.(57), И.Ш.(35), Џ.Ш.(35), сите од Скопје, како и против С.Ј.(35) од Куманово и И.А.(38) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „трговија со дете“, информираат од МВР.

Како што пјаснуваат,в о текот на 2024 и 2025 година, Ф.А. и Ѓ.К. го извршиле делото по пат на незаконско посвојување на новородено бебе.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  12 литри дожд вчера во Куманово, нестабилно и денеска

– Имено, Ф.А. користејќи ја својата положба на згрижувач на деца, воспоставила контакти со заинтересирани брачни парови. Додека, Ѓ.К., по претходен нивен договор, а поради избегнување на процедурата за посвојување на деца согласно Законот за семејство, ја користела нивната бременост, тешка материјална и социјална состојбапојаснува полицијата.

Поради тоа што не можеле да се грижат за нивните новородени деца, ги доведувала родителите во заблуда и ги убедувала да реализираат за одреден паричен надомест и други бенефиции незаконско посвојување на нивното новородено бебе.

– На тој начин успеале да ја убедат С.Ј., која живеела во вонбрачна заедница со нејзиниот невенчан сопруг И.А., за финансиска помош од 500 евра и бесплатни гинеколошки прегледи да реализираат незаконско посвојување на нивното новородено бебе, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Уапсен кумановец кој се заканувал на 68-годишната мајка

По отпуст од болница, С.Ј. и нејзиното бебе биле прифатени од Ф.А. и превезени до нивниот дом каде пристигнале пријавените И.Ш. и Џ.Ш. и во својство на „посвоители“ го земале бебето и го однеле во својот дом.

Во врска со наведеното, на 17.10.2025 бил склучен договор за заем на 500 евра помеѓу Џ.Ш. како заемодавач и И.А. како заемопримач, кои истиот ден му биле исплатени на И.А. како надомест за незаконито посвојување на нивното бебе.

– Од судија на претходна постапка на лицата им е определена мерка домашен притвор, стои во соопштението.

Никола Ивановски